Бектеши: Наскоро ќе се знае што ќе биде со трговците кои не ги почитуваат владините мерки

t

Во координација сме со органите на прогонот и инспекциите за три до четири дена ќе информираат, што ќе се случи со трговците на овошје и зеленчук кои не ја почитувале мерката донесена од Владата за да се обезбедат 70 проценти од потребите за домашниот пазар, потенцираше на денешната прес-конференција министерот за економија Крешник Бектеши во одговор на новинарско прашање.

Во однос на прашањето поврзано со мерката за замрзнување на цената на зеленчукот и овошјето, при што дел од производите ги нема во дуќаните и до каде е постапката за лажните фактури кои ги доставуваа увозниците, Бектеши рече дека се во координација со органите на прогонот и детално ќе информираат.

– Во координација сме со органите на прогонот. После пресот имаме и дополнителна координација. Ќе постапат сите надлежни институции во делот на лажните фактури. Ова е согласно моите последни информации кои ги имам од страна на Царинската Управа, а се доставени до нивните колеги од каде што биле увезени овие производи. Инспекциите не потфрлуваат, на почетокот на наредната недела јавноста ќе биде информирана од надлежните институции. Се работи за компании кои се занимаваат со трговија, односно над 95 отсто се компании кои увезуваат, рече Бектеши.

Прашан во врска со преземените мерки од страна на некои членки на ЕУ за воведување забрана за увоз на житото од Украина, Бектеши рече дека во моментов нема одлука од надлежните институции за нешто такво, потенцирајќи дека за земјава приоритет е домашното производство.

– Во моментов нема одлука од надлежните институции, во овој случај од Министерството за економија и Министерството за земјоделие. За нас приоритет е домашното производство, но имајќи предвид дека не покриваме се од домашното производство, последните неколку години, ние ќе направиме големи напори, повикувајќи се на Договорот за слободна трговија во делот на земјоделието, кој неодамна беше потпишан со Украина и секако дека ќе одиме во насока на одлуките кои ќе ги носи ЕУ, потенцираше Бектеши.

Сепак, како што напомена министерот, во делот на пченицата и другите жита, доколку се јави потреба земјава ќе увезува и од Украина.

– Но, за да се покрие потребата на потрошувачката во земјава со најдобри цени, иако ние во главно во делот на земјоделските производи увезуваме од Турција, Грција, Србија и Албанија, но во делот на пченицата и другите жита, ако има потреба ќе увезуваме и од Украина, ако имаме добра цена за нашите трговци, кои нема да направат штета на домашното производство, додаде Бектеши.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…

Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…

РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…

Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…

АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…

Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…

(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…

Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…

ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…

Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…