Идниот месец најверојатно минималната плата ќе биде околу 20 500 денари во приватниот и јавниот сектор, вели Бектеши
Идниот месец најверојатно минималната плата ќе биде околу 20 500 денари во приватниот и јавниот сектор и тие средства се предвидени со Буџетот за 2023 година. Но, за да има еднаквост, треба за 2 000 денари линеарно да се покачат и платите во државната администрација, средства што се предвидени во сите институции, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
Ако за ова треба да се донесе законско решение, Бектеши е убеден дека поддршка ќе дадат сите политички партии.
Според него, Министерството за финансии ги направи сите неопходни калкулации и е подготвено да се реализира зголемувањето на минималната плата и платата на административните службеници.
Воведовме законско решение за утврдување на минималната плата. Методологијата е целосно усогласена со синдикатите и институциите. Имајќи го предвид зголемувањето на минималната плата, очекувам дека покачувањето ќе биде над 2 000 денари линеарно за секоја категорија во државната администрација. Ако некој се спротивстави на зголемување на платите, мислам дека ќе направи голема грешка, а ако треба да се носи законско решение, најверојатно ќе го поддржат сите политички партии. Треба да направиме се што е во наша можност за да ги зголемиме платите, имајќи ги предвид инфлацијата и очекувањата на граѓаните и во таа насока ќе постапиме како Влада. Министерот Бесими рече дека сите проекции и калкулации се направени, тоа тој и го најави, истакна Бектеши, одговорајќи на новинарски прашања.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ИРАН СО УЛТИМАТУМ ДО САД: Престанете да…
Иран испрати остра порака до Соединетите Американски…
Мерц се закани дека ќе го блокира…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц се закани дека…
Американски функционер тврди дека Русија и Украина,…
Русија и Украина со добра волја пристапуваат…
Експлозија во турска челичарница: Загинаа 16 луѓе,…
Најмалку 16 лица загинаа, а 13 се…
Трагедија кај Крит: Четиринаесет мигранти загинаа при…
Четиринаесет мигранти загинаа во обид со чамец…