Бектеши најави продолжување на мерката „гарантирана цена“ до крајот на јануари
Мерката „гарантирана цена“ која важи за дел од прехранбените производи и безалкохолните пијалаци, наместо до крајот на годината, најверојатно ќе биде продолжена до крајот на јануари 2024 година, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши во гостувањето во емисијата „Студио 10“ на Телевизија 24.
„Замрзнатите цени на дел од основните прехранбени производи ќе се применуваат додека од страна на Собранието не биде изгласан Законот за нефер трговски практики кој минатата недела, на предлог на Министерството за економија беше усвоен од Владата“, вели Бектеши.
„Гарантираната цена“ за дел од прехранбените производи, според последната владина одлука, требаше да биде во сила на крајот на годината, односно на 31 декември. Бектеши, пак, сега најавува дека на следната седница на Владата ќе предложи продолжување на мерката за уште најмалку еден месец.
„Ќе продолжи мерката најмалку за еден месец бидејќи нема да може Законот за нефер трговски практики да започне да се применува на почетокот на следната година. Тоа значи дека во јануари ќе важат мерките за ‘гарантирана цена’ и да се надеваме дека Собранието ќе го усвои Законот за тој да почне да се применува од почетокот на 1 февруари“, вели министерот.
На владината седница минатиот вторник беше усвоен текстот на предлог-законот за забрана на нефер трговски практики во ланецот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи. Со законот, како што соопштија од Владата, се дефинираат основите, правилата и мерките за отстранување на нерамнотежа во преговарачката моќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДИК усвои заклучок за конечност на резултатите…
Државната изборна комисија (ДИК) попладнево на седница…
ФОКС ЊУЗ: САД РАЗГЛЕДУВААТ НОВИ НАПАДИ ВРЗ…
Соединетите Американски Држави разгледуваат можност за продолжување…
Можни прекини во платежните трансакци викендов поради…
Македонската банкарска асоцијација соопшти дека во текот…
Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен…
Проширувањето на Европската Унија кон земјите од…
Русија го ограничува извозот на вештачки ѓубрива
Русија ги намали извозните квоти за ѓубрива…