Бектеши на средба со швајцарската амбасадорка: Имаме одлична соработка и простор за унапредување на истата

t

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска се сретна со новоименуваната амбасадорка на Швајцарија во земјава, Вероник Улман, на која и посака многу успех во вршењето на новата должност и се заблагодари за досегашната поддршка која што државата ја добива од швајцарската Влада.

– За време на состанокот разговаравме за нашите активности што ги превземавме за поддршка на граѓаните за време на кризата, како и мерките за справување со енергетската криза која што ја зафати Европа и светот, наведе Бектеши во објава на Фејсбук.

Тој посочува дека двете земји имаат традиционално одлична соработка, за што и со амбасадорката Улман се согласивме дека има простор за унапредување.

– Уште еднаш ги потврдивме заедничките заложби за продолжување на комуникацијата во насока на подобрување на економските релации на нашите земји и изнаоѓање на најсоодветни решенија за економски развој, додава Бектеши во објавата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петрова и Муцунски во четврток ќе се…

Министрите за надворешни работи на Македонија и…

Швајцарија разгледува такса за странски работници

Швајцарскиот Совет на кантоните, горниот дом на…

Швајцарците одлучуваат дали ќе останат неутрални

Швајцарските граѓани на референдум ќе одлучат дали…

Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…

И покрај законските гаранции за еднаква плата…

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…

Во јули годинава се издадени 367 одобренија…