Бектеши очекува намалување на цените на млекото!

t

Во делот на млекото и млечните производи очекувам веднаш да има намалување на цените, посебно сега со новиот Закон за заштита на потрошувачите, информира вечерва министерот за економија, Крешник Бектеши.

Тој изјави дека во Секторот за трговија барал да извадат податоци за делот на цените кои се увезени во нашата земја.

-Во моментот кога ќе биде на сила одлуката од 1-ви декември, дополнително да има намалување во делот на млекото и млечните производи. Мислам дека таму има големи маржи, спротивно на тоа што е донесено како одлука на Владата. Веќе има насока Државниот пазарен инспекторат да влезе и да ги направи контролите, но се чекаше да помине Законот за заштита на потрошувачите. Вчера помина законот и веднаш ќе почне да постапува ДПИ, каде што ќе има и соодветни санкции. Завршени се сите обуки за инспекторите од ДПИ. Мислам дека од наредната недела ќе почнат да постапуваат согласното законско решение, рече Бектеши во емисијата „360“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бектеши: Минималната плата во март ќе изнесува…

Министерот за економија Крешник Бектеши на својот…

Нов резил од премиерот: Бектеши зборува за…

Премиерот Димитар Ковачевски денеска беше прекорен од…

Израелски медиуми: Денес беше најкрвавиот ден за…

Израелските медиуми објавија дека денес бил најкрвавиот…

АХВ демантира: Нема канцерогено млеко во земјава!

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) рекоа…

Николовски: 30 до 32 денари е откупната…

Според последните податоци нема зголемување на цените…