Бектеши се правда: Земаме заем за да вратиме долгови на претходни влади

t

Министерот за економија, Крешник Бектеши, вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека се бараат 900 милиони евра за враќање на долгови од претходните Влади.

„Како што објасни и министерот за финансии, и јас кажувам дека голем дел од овие средства се за враќање на долгови кои ги наследивме од претходните Влади“, рече Бектеши.

Тој додава дека дел од овие пари ќе бидат искористени за нови мерки, кои Владата ги подготвува со цел да им помогне на граѓаните и компаниите, а посебно на социјалните категории.

„Како што предвидовме, 100 милиони евра на почетокот на годината за помош за граѓаните, сега проектираме нови 80 милиони евра повторно како директна помош за граѓаните и компаниите. Ние работиме напорно, за да им помогнеме на граѓаните“, порача Бектеши.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Етипопија на чекор до банкрот

Етиопија го пропуштила рокот за плаќање на…

Претепано момче од 22 години поради долг

Во парк шумата Гази Баба, вчера по…

Волстри Журнал: Странските купувачи избегнуваат да го…

Уделот на американските обврзници во сопственост на…

Бектеши: Минималната плата во март ќе изнесува…

Министерот за економија Крешник Бектеши на својот…

ЕУ повторно во должничка криза?

Долговите во земјите-членки на ЕУ се превисоки,…