Бела куќа: Бајден нема „апсолутно никаква намера“ да ја повлече кандидатурата
Претседателот на САД, Џо Бајден, нема „апсолутно никаква намера“ да ја повлече својата кандидатура за втор мандат, изјави денеска портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер.
Демократот Бајден „продолжува да води кампања“ и „останува во трката“, истакна Жан-Пјер на брифингот.
На прашање на новинар дали 81-годишниот претседател размислува за повлекување, таа одговори „апсолутно не“.
Претходно денеска, „Њујорк Тајмс“ објави дека Бајден му кажал на свој сојузник дека знае дека може да не успее да ја спаси својата кандидатура ако не успее да ја убеди јавноста во наредните денови дека е соодветен за оваа работа, по неговото претставување на дебатите минатата недела. Белата куќа го отфрли ова тврдење како невистинито.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: САД не ја поддржуваат независноста на…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД…
Паланчани во сабота излегуваат на протест против…
Жителите на Крива Паланка во сабота излегуваат…
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС бегаат од надзорна…
Филипче и СДС упорно ја повторуваат истата…
Северна Кореја ги проширува капацитетите за збогатување…
Северна Кореја ги проширува капацитетите за збогатување…
Заловени 96 говеда во Крива Паланка, АХВ…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) досега…