Објавено на:

Бела куќа: Преговорите за прекин на огнот во Газа започнаа „ветувачки“

t

Портпаролот на Советот за национална безбедност при Белата куќа, Џон Кирби, извести дека преговорите за прекин на огнот и ослободување на заложниците во Појасот Газа, кои се одвиваат во Доха, имаат „ветувачки почеток“.

Кирби изјави дека разговорите ќе продолжат и утре.

– Се наоѓаме во момент кога рамката на договорот е општо прифатена, а празнините кои треба да се пополнат се однесуваат на неговото спроведување, додаде тој.

„Сè уште има многу работа пред нас“, рече Кирби и додаде: „Со оглед на сложеноста на договорот, не предвидуваме дека денешните дискусии ќе завршат со постигнување решение“.

– Пречките кои остануваат можат да се надминат и ние мораме да постигнеме решение, додаде тој.

– Заложниците мора да бидат ослободени, мора да има пауза (во борбите) поради палестинските цивили во Газа, безбедност за Израел и намалување на тензиите во регионот, и сето тоа мора да се случи што е можно побрзо, истакна Кирби.

Портпаролот потврди дека директорот на ЦИА, Вилијам Барнс, учествува во преговорите во Доха.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кац: Израелската армија е подготвена да ја…

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…

Израел уби висок командант на Хамас во…

Израелската армија во петокот соопшти дека убила…

22.233 ученици се регистрирани за новата учебна…

Директоратот „Текума“, задолжен за обновата на заедниците…

Нова пратка со 900 тони хуманитарна помош…

Уште една, нова пратка со 900 тони…

„Хамас“ се согласи да ја предаде власта…

„Хамас“ се согласил да ја предаде власта…