Објавено на:

“Бела материја” забележана на местото на падот на авионот во Кавала: Пожарникарите чувствувале печење на јазикот и усните

t

Од рано утринава почнаа истрагите на властите во Палеохори, во областа на Кавала, каде што во текот на ноќта се урна транспортен авион Антонов.

Координаторот на операциите на Противпожарната бригада, генерал-мајор Мариос Апостолидис, за грчките медиму информира дека на местото на падот е откриена непозната бела материја. Областа е опколена и заштитена од пристап и се очекува на лице место да пристегне специјална воена нуклеарно-биолошка екипа со 14 лица за да го истражи степенот на опасност во областа. Како што пишува грчкиот весник, „Прототема“, пожарникарите кои се приближиле до местото на несреќата пријавиле „горење на усните и јазикот“.

Нашиот план е да кренеме дрон за да се види одозгора што се случува на терен, бидејќи пред еден час луѓе од ЕМАК влегоа со специјална заштитна опрема и специјални инструменти и продолжија со некои мерења. Мерењата не покажаа ништо, но забележаа нестабилност кај местото, со силен чад, топлина и некоја бела материја за која не знаеме што е. Поради тоа специјалната група на вооружените сили треба да не увери за каков материјал се работи и дали конечно можеме да влеземе на местото – изјави Апостолидис.

Тој истакна дека нема активен пожар бидејќи е изгаснат во ноќните часови, но има мали пожари. Влез и излез на локацијата во радиус помал од 500 метри е забранет за граѓаните од безбедносни причини.

Почувствувавме чувство на печење на усните и јазикот, па затоа носиме и маски одејќи таму бидејќи сè уште не знаеме што има и како ќе влијае на нас – вели Апостолидис.

Како што напомена Апостолидис, први на местото се приближиле пиротехничарите за да утврдат дека нема експлозиви и опасни материјали и да дадат зелено светло за операцијата да продолжи.

Со маските се приближивме до 50 метри и видовме парче од трупот. Има многу расфрлан материјал по полињата. Теренот мора да биде стабилен и безбеден за да можат да влезат спасувачите – нагласува тој.

Според првичните информации, транспортниот авион полетал од Србија за Јордан со комерцијален транспортен лет, имал осумчлен екипаж и превезувал „опасен товар“ – муниција од вкупно 12 тони.

Авионот се урна откако летајќи над Егејското Море, пилотот побарал итно да слета во Кавала, но со мотор во пламен не успеал да стигне до аердромот..

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повторно е отворен граничниот премин Евзони

Од утрово е отворен граничниот премин Евзони…

Силен земјотрес ја погоди Грција

Силен земјотрес со јачина од четири степени…

Бугари уапсени во Грција поради измама со…

Семејство Бугари е уапсено во Грција поради…

Вулин: Дора Бакојани покажа дека Грција стана…

Основачот на српското Социјалистичко движење, Александар Вулин…

Дводневен штрајк на грчките цариници, товарниот сообраќај…

Почнувајќи од вечерва на полноќ (02.04.2024) до…