Објавено на:

Белгија отвори истрага за евентуално руско мешање во европските избори

t

Белгискиот премиер Александар Де Кро соопшти денеска дека неговата земја отвара истрага за наводно руско мешање во европските избори, кои треба да се одржат во јуни. Де Кро изјави дека белгиските разузнавачки служби откриле цела мрежа која се подготвувала да ја поткопа европската поддршка за Украина.

Белгиските разузнавачки служби го потврдија постоењето на проруска мрежа со активности во неколку европски држави, а исто така и овде во Велгија. Според нашите разузнавачки служби, целта на Москва е кристално јасна. Целта е да им се помогне во изборот на проруските кандидати за европскиот парламент, и да се зацрвсти прорускиот наратив во таа институција, рече белгискиот премиер.

Истрагата во Белгија доаѓа откако пред две недели властите во Чешка и Полска објавија дека Русија ширела пропаганда и финансирала повеќе крајнодесничарски политичари низ Европа преку веб порталот „Voice of Europe“. Според нивните истражители на овој начин пари им биле исплатени на политичари од Германија, Франција, Полска, Белгија, Холандија и Унгарија, со цел во јавност да изнесуваат проруски ставови и на тој начин да извршат влијание врз европските избори, кои ќе се одржат од 6 до 9 јуни.

Целта е кристално јасна: Ослабената европска поддршка за Украина ќе ѝ послужи на Русија на бојното поле, и тоа е вистинската цел на она што беше откриено изминативе неколку недели, изјави Де Кро.

Не смееме да дозволиме ваков тип на руска закана да се вгнезди во нашите умови, додаде Кор, кој уште порача дека неговата земја, како моментален претседавач со унијата има обврска да гарантира безбедни и слободни европски избори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кина лансира сонда која ќе собира примероци…

Кина ќе ја лансира лунарната сонда Чанге-6…

Вучиќ: По гласањето за Резолуцијата за Сребреница…

Генералното собрание на ОН најверојатно ќе гласа…

Битиќи: Бидете патриоти, изберете европска иднина на…

„На 8-ми мај излезете на гласачките места…

Ќе изгради ли Русија воена база во…

Отворањето на руска воена база во Централноафриканската…

Ковачевски: Во среда гласајте ЗА европска иднина,…

На вечерашниот митинг во Радовиш, претседателот на…