Белгија планира да испрати затвореници во Косово
Белгиската Влада разгледува опции за изнајмување или изградба на затворски објекти во други европски држави, каде би ги испраќала странските државјани, кои се во затвор во Белгија.
Белгиската министерка за правда Анелис Верлинден вчера во Парламентот изјави дека разговорите за испраќање на затвореници во други држави се во тек, а Косово е „сериозна опција“. Според неа со тоа ќе биде решен проблемот со пренатрупаноста на затворите и ќе биде обезбедено поефикасно извршување на казните.
Верлинден наведе дека адаптирањето на објектите по европски стандарди бара време, а трошоците би изнесувале околу 202 милиони евра за десет години.
Данска во 2022 година постигна договор со Косово за изнајмување на 300 затворски ќелии.
Таа истакна дека се водат разговори со федералните оддели за миграција и азил за да се забрза трансферот на странските затвореници и дека се планирани дипломатски посети на Мароко, Алжир, Тунис и Албанија за зајакнување на соработката за враќање на затворениците.
Во белгиските затвори има 13.000 затвореници, иако тие официјално имаат капацитет за 11.040.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
650 луѓе евакуирани по најголемиот пожар во…
Белгија продолжува да се бори со најголемиот…
Жител на шарпланинско село во Косово е…
Полицијата на Косово соопшти детали за апсењето…
(Видео) Хаос во косовското Собрание: Пратеничка фрлаше…
Конститутивната седница на Собранието на Косово денес…
Косовски државјанин „летал“ со 220 км/ч на…
Косовски државјанин е лишен од слобода откако…
Поранешен полицаец во Косово осуден на 10…
Основниот суд во Приштина денес осуди поранешен…