Објавено на:

Белорусија како Северна Кореја? Лукашенко го подготвува најмладиот син за негов наследник?

t

Николај Александрович Лукашенко е роден на 31 август 2004 година и е третиот син на белорускиот претседател Александар Лукашенко.

Николај отсекогаш е со својот татко, уште од раното детство, а кога станува збор за неговата мајка, нејзиното име никаде официјално не се споменува, но ако им се верува на шпекулавиите, неговата мајка е Ирина Абелскаја, поранешна лична докторка на претседателот Лукашенко.

Николај има двајца полубраќа од татко му и уште еден, како што се тврди, од мајка му. Во 2016 година, во едно интервју, неговата мајка, на прашањето дали би сакала Николај да стане лекар, порача дека би сакала тој да добие добро образование, да избере интересна професија, да ја сака својата работа и да ужива во неа за доброто на луѓето.

Минатата година, по завршувањето на средното училиште, Николај почна да го посетува Белорускиот државен колеџ, кој го напушти минатото лето и го продолжи своето образование на Московскиот државен универзитет.

Најмладиот Лукашенко за прв пат се појави во јавноста во 2008 година, привлекувајќи огромно медиумско внимание. Како момче, татко му го носеше на државни церемонии, но и на официјалнио посети како таа во Венецуела, каде што го запозна со тогашниот претседател, Уго Чавез; на официјалната посета на Русија со тогашниот претседател Дмитриј Медведев; па во Ватикан кај папата Бенедикт Шеснаесетти. Николај беше и со својот татко во Белата куќа како гостин на претседателот Барак Обама.

Во една прилика, претседателот Лукашенко изјави дека Николај бил толку приврзан за него уште од детството што го замолил да оди на сите државни состаноци со својот татко, иако многумина шпекулираат дека неговиот татко го подготвува за да биде идниот претседател на Белорусија.

Малиот Лукашенко во 2015 година, кога имаше само 10 години, учествуваше и на заседанието на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Пет години подоцна, тој се појави со својот татко на познатата руска парада на Црвениот плоштад во Москва по повод Денот на победата во Втората светска војна.

Овој убав млад човек зборува руски и англиски, а учи и шпански. Тој свири клавир од деветгодишна возраст, а за неговиот емотивен живот досега не се знае ништо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лукашенко гледа опасност во НАТО: Ако се…

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко, коментирајќи ја…

ХОРОР: Марија, мајката на убиеното дете Александар…

„Нефункционалните институции ми го убија детето. Мојот…

И противник на Лукашенко почина во затвор:…

Во затвор почина и противник на белорускиот…

Жителите на Белорусија, Казахстан и Молдавија ќе…

Владимир Путин им олесни на жителите на…

Медведев “предвидува” нова голема војна во Европа

Зајакнувањето на воениот потенцијал на Полска и…