Објавено на:

Белорусија продолжува со процесот на верификација на вооружувањето

t

Белоруското Министерство за одбрана денеска соопшти дека, по двегодишна пауза предизвикана од пандемијата на коронавирусот, земјата продолжува со своите активности за верификација на вооружувањето, согласно постојните меѓународни договори за контрола на оружјето.

Британските медиуми го пренесуваат Министерството за одбрана кое соопшти дека испратило известување до земјите-членки на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) дека има намера да продолжи со верификациите врз основа на реципроцитет.

Белорусија, соседна земја и близок сојузник на Русија, поради пандемијата во 2020 година ги суспендираше инспекциите за своето вооружување.

Поради зголемените тензии меѓу Европа и Белорусија, особено поради улогата на оваа земја во руската инвазија врз Украина, членките на ОБСЕ го повикаа Минск повторно да прими инспектори за проверка на залихите на оружје.

Белорусија минатата недела соопшти дека голем број други земји, вклучувајќи ја и соседна Полска, сојузник на НАТО, сè уште не ги продолжиле инспекциите на оружје преку ОБСЕ.

Амбасадата на Белорусија во Виена, која го претставува Минск во ОБСЕ, ги обвини Полска, Литванија и Украина дека го политизираат прашањето и одбиваат да разговараат за прашањата за контрола на оружјето, објави државната новинска агенција Белта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп промовира „масовен“ договор со Белорусија за…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Вашингтон…

Белорусија ослободува политички затвореници во замена за…

Белорусија започна нова рунда помилувања на политичките…

Летонија забрани руски и белоруски книги поради…

Летонија забрани увоз на книги, весници и…

Белорусија шверцува мигранти низ тунели до Латвија?

Латвиските власти открија тунел преку кој мигранти…

Белорусија го прогласи Euronews за „екстремистички“ медиум

Министерството за информации на Белорусија ја прогласи…