Објавено на:

Белорусија стравува дека Москва ќе ги принуди на војна со Украина?

t

Во Белорусија се зголемуваат стравувањата дека Москва го присилува својот близок сојузник директно да се вклучи во борбите во Украина, пренесува АП, додавајќи дека Белорусите се поканети да учествуваат во воена обука.

„Руските сили се веќе во Белорусија, гледам дека земјата полека се претвора во касарна“, изјави за АП Руслан, инженер кој неодамна добил покана за воена обука во главниот град Минск. Тој не сакаше да го каже своето презиме бидејќи е загрижен за својата безбедност.

Белорусите се плашат дека Москва нема да им дозволи долго да ја гледаат војната оддалеку, наведува АП. Белорускиот диктатор Александар Лукашенко, да потсетиме, се потпираше на Кремљ за политичка и економска поддршка со месеци додека земјата беше потресена од масовни протести поради наместени избори.

Неодамна, во Минск беше формирана единица за противвоздушна одбрана, која вклучува и руски ракетни сили. Претходно овој месец, украинскиот претседател Володимир Зеленски ги посети граничарите во северозападниот регион Волин, кој граничи со Белорусија. Во таа прилика тој порача дека Украина „мора да биде подготвена“ за евентуална инвазија од Белорусија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Воен авион се урна во Русија, загинаа…

Тешка авионска несреќа со воен авион се…

Русија се закани со нуклеарен одговор во…

Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…

Украинскиот град Олешки се соочува со глад…

Украинските сили доставија околу 4 тони храна…

Русија тестираше борбен ласер против беспилотни летала…

Припадници на руските единици за радиолошка, хемиска…

Руски дронови ја запалија украинската Национална академија…

Руски беспилотни летала го нападнаа центарот на…