Објавено на:

Бенитез: Милан во моментов е инфериорен во однос на Интер и Јувентус

t

Шпанскиот фудбалски стручњак и поранешниот тренер на Наполи, Рафаел Бенитез го сподели своето мислење за фаворитите во Серија А во сезоната 2022/23.

Според 62-годишниот Шпанец, Милан е инфериорен во однос на Интер и Јувентус по шансите за шампионската титула.

– Пред сите, Интер и Јувентус се фаворити за Скудетото. Невозможно е да се отпише и актуелниот шампион, но моментално Милан е инфериорен во однос на Интер и Јувентус по шансите за победа во Серија А. Исто така, не треба да се заборави и на Наполи, плус Рома која изненади со своите трансфери. Сега Мурињо ја има пријатната задача да се бори за титулата, изјави Бенитез за „La Gazzetta dello Sport“.

Минатата сезона Росонерите станаа шампиони на Италија под водство на Стефано Пиоли.

Тековната сезона во најсилното италијснако првенство започнува на 13 август со натпреварот помеѓу Милан и Удинезе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дизелот соборува рекорди, експертите предупредуваат на можни…

Цените на горивата во Западна Европа продолжуваат…

Јапонија пред каматна стапка невидена три децении…

Една од најнеобичните епохи во светската монетарна…

Хаг ќе одлучува за репарации за жртвите…

Судот во Хаг денеска соопшти дека ќе…

Саудиска Арабија бара излез од енергетската блокада:…

Саудиска Арабија започнува необична операција за одржување…

Фрлил ќеси полни со запалива течност: Маж…

Еден маж денес попладне се обиде да…