Бербок: Германија е подготвена за мировни преговори Русија-Украина
Германија е подготвена за мировни преговори со Русија, но засега не гледа предуслови за нив, изјави германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок во интервју за весникот „Велт“.
„Би сакала да можам да преговарам, но во моментов не зборуваме за нашите желби, туку за неопходноста да се соочиме со вистината“, рече таа.
Бербок тврди дека секој ден се водат преговори за ставање крај на конфликтот во Украина.
Постојаниот претставник на Русија во Обединетите нации, Василиј Небензја, претходно за Спутник изјави дека Москва е подготвена да ја разгледа иницијативата на Киев за решавање на конфликтот, која ги зема предвид предлозите на руската страна и ситуацијата на теренот, но на украинскиот режим не е заинтересиран за тоа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…
Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…
Кличко: Украина никогаш нема да се предаде
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, синоќа упати…
Венс: Украина не треба да биде членка…
Украина не треба да биде членка на…
1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…
Европските држави ќе одржат воена вежба за…
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…