Бербок: Германија не може да прифати Кина да воспостави поблиски односи со Русија
Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок денеска изјави дека Германија не може да прифати Кина да воспоставува сѐ поблиски односи со Русија, која, како што наведе, води нелегална војна против Украина.
„Ако Кина отворено продолжи да воспоставува сè посилно партнерство со Русија, која води нелегална војна против Украина, … не можеме да го прифатиме тоа“, рече Бербок по состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 во Капри, Италија.
Бербок ја повика Кина да го искористи своето влијание врз рускиот претседател Владимир Путин за да го запре нападот врз Украина, пренесе Ројтерс, пренесува Танјуг.
Министрите за надворешни работи на Г7 објавија, по тридневниот состанок во Капри, дека се решени „да ги зајакнат капацитетите на украинската воздушна одбрана со цел да се спасат животи и да се заштити клучната инфраструктура“. Украина беше меѓу главните теми на состанокот во Капри.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…
Трамп: Русија и Украина за првпат се…
Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…
„Путин нè тестира и нè приближува до…
Претседателот на Литванија, Гитанас Науседа, смета дека…