Бербок: Паузата на Западот од Украина би била фатална!

t

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок во пресрет на состанокот на НАТО во Брисел изјави дека намалувањето на вниманието на јавноста од конфликтот во Украина ќе биде фатално.

Првиот состанок на Советот НАТО-Украина на ниво на министри за надворешни работи се одржа во моментот на „застој“ на линијата на фронтот, бидејќи ситуацијата на бојното поле претходно ја опиша командантот на украинската армија, генерал Валериј Залужни.

Меѓутоа, во пресрет на средбата во Брисел, шефот на украинската дипломатија Дмитриј Кулеба ја отфрли ваквата оценка на генералот Залужни.

Заморот на Западот со Украина и нејзините проблеми беше централна тема на седницата во Брисел, но според германската информативна програма „Тагешау“, министрите не понудиле конкретни решенија.

„Погледот на Украина во моментов исчезнува од очите на јавноста – тоа е фатално“, предупреди Аналена Бербок, како што објави германското Министерство за надворешни работи на социјалните мрежи.

„Сите мора да работиме на дополнително проширување на зимскиот заштитен чадор за Украина“, додаде Бербокова, мислејќи на зајакнувањето на украинската воздушна одбрана од руските напади.

Во кусото соопштение на НАТО по состанокот се наведува дека Советот „се покажа како сигурен механизам за консултации во кризни ситуации“.

Украина и членките на алијансата развиваат „патна карта за транзиција на Украина кон целосна интероперабилност со НАТО“ – односно транзиција на Украина од советско во западно оружје и воена тактика.

Западните медиуми објавија бројни поплаки од украинските војници дека обуката што ја добиваат од земјите на НАТО не е применлива за сегашниот конфликт со Русија.

„Најдобар начин да избегнете испраќање свои војници во војна е да и помогнете на друга земја да ја води сопствената војна“, рече министерот Кулеба за новинарите. „Тоа е она што не прави многу различни од другите. Нашиот договор е многу фер. Ти ни даваш се што ни треба, се бориме“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…

Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…

Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…

Украина во следните три до шест месеци…

(Видео) Украина го нападна Московскиот регион со…

600 украински дронови го нападнаа Московскиот регион…

Зеленски: Најмалку тројца загинати и над 20…

Најмалку тројца луѓе загинаа, а повеќе од…

Украина изврши напади врз објект на Роскосмос!

Украина изврши ракетни напади врз објект на…