Бербок: Украина „не е сама“
Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок ја увери Украина за непоколебливата солидарност на Германија и Европа по хаотичниот состанок во Белата куќа денеска меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп.
-Украина не е сама, напиша Баербок на „X“.
„Германија заедно со нашите европски сојузници стои обединета покрај Украина – и против руската агресија. Украина може да се надоврзе на непоколебливата поддршка од Германија, Европа и пошироко. Нивната одбрана на демократијата и нивната потрага по мир и безбедност е наша“, додаде таа.
Во Белата куќа, Трамп му се закани на Зеленски дека ќе ја напушти Украина во нејзината борба против Русија доколку не се постигне договор со рускиот претседател Владимир Путин.
Во извонредната јавна расправија, Трамп упати сериозни обвинувања кон украинскиот претседател пред новинарите во Овалната соба, обвинувајќи го за „коцкање со Трета светска војна“ и инсистирајќи Зеленски да биде поблагодарен.
Двајцата не потпишаа договор за експлоатација на украинските суровини и беше откажана заедничката прес-конференција. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
Трамп: Русија и Украина за првпат се…
Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…
Полска ги предупреди сојузниците: Не преговарајте со…
Полска ги предупреди европските сојузници дека во…