Бериша подготвува револуција во Албанија: “Продолжуваме со протести и граѓанска непослушност”

t

Лидерот на побројното крило на албанската опозициска Демократска партија, Сали Бериша, на новинарско прашање кој ќе биде следниот потег на опозицијата изјави дека „ќе продолжат со револуција, протести, до граѓанска непослушност”

Во однос на нападот со тупаница врз него на протестот на 6 декември, додаде дека „одговорот ќе дојде преку револуција”.

Демократската револуција влегува во втората фаза. Досегашното успешно спроведено гласање во партијата, а се надевам и во недела, од тие повторени кругови, означува крунисување на еден процес, вистински фестивал на слободата. Не велам совршено. ПД излезе многукратно посилна. Сега нашата цел е, како што слободно гласавме внатре во партијата, да гласаат и Албанците. Како опозиција ќе продолжиме со револуција, протести, до граѓанска непослушност, рече тој.

Бериша јавно му прости на својот напаѓач Герт Шеху, кого го нарече „камиказа без експлозив”, повторувајќи дека зад овој напад се крие Еди Рама. Додаде дека според неговите сигурни извори, тој не е ментално болен „за што нема никаков лекарски извештај” и праша: како може ментално болен да добие банкарски кредит и да ја обнови возачката дозвола.

Повеќе од сигурен сум дека тој е полициски агент и инфилтратор, посочи тој.

Во меѓувреме на напаѓачот Шеху(31) судот му одреди мерка притвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов рекорд за албанскиот туризам: 1,7 милиони…

Премиерот на Албанија, Еди Рама преку објава…

Се очекува да ја престигнеме Србија: Македонија…

Македонија е втора земја во регионот според…

Албанија во топ 10 земји со најголем…

Албанија е меѓу земјите со најбрзо растечка…

Приоритет на НАТО во Албанија: Премин во…

Од Канцеларијата на НАТО во Брисел во…

Во Албанија инфлацијата во февруари 2,6 отсто…

-Растот на цените во февруари се ублажи…