Објавено на:

Бери седми пат избран за претседател на либанскиот Парламент

t

Осумдесет и четиригодишниот Бери кој е 30 години претседател на Парламентот, го доби и новиот четиригодишен мандат, независно што движењето Хезболах и неговите сојузници изгубија мнозинство во Парламентот на последните избори, што беа одбележани со влез на независни кандидати.

Тој ја доби поддршката на 65 од 128-те пратеници, наспроти претходниот избор во 2018 година кога освои 98 гласа.

Дел од пратениците изразија противење на неговиот реизбор со пишување слогани на гласачките ливчиња. „Правда за жртвите од експлозијата во Бејрут”, напишаа некои од пратениците, притоа алудирајжи на експлозијата во пристаништето Бејрут во 2020 година кога загинаа повеќе од 200 луѓе. На неколку други гласачки ливчиња пишуваше „Локман Слим” – името на активистот и интелектуалецот кој го критикуваше Хезболах, пронајден убиен во неговиот автомобил во февруари минатата година.

Бери успеа да добие уште еден претседавачки мандат во време кога Либан се соочува со најтешката социо-економска криза во историјата на државата. Голем дел од населението, меѓународните организации и странските земји ја припишуваат ситуацијата на корупцијата и инертноста на владејачката класа што остана непроменета со децении, на која припаѓа и Бери. 

Новото Собрание е задолжено да ги усвои долгоочекуваните реформи за надминување на финансиската криза што однесе голем дел од либанското населени во сиромаштија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Либан ја укинува смртната казна

Либанскиот парламент денеска изгласа укинување на смртната…

Двајца израелски војници и еден Либанец загинаа…

Двајца израелски војници се убиени во Јужен…

Трамп очекува Израел да ги повлече своите…

Американскиот претседател Доналд Трамп им рече на…

Израелците против прекин на огнот: Либан треба…

Израелскиот министер за национална безбедност, Итамар Бен-Гвир,…

Сирија ги негира извештаите за планови за…

Сирискиот претседател Ахмад ал-Шара во саботата ги…