Берлин до Варшава: Германските системи за воздушна одбрана „Патриот“ се наменети за територијата на НАТО

t

Берлин денеска јасно стави до знаење дека системите за ПВО „Патриот“ што предложи да и ги обезбеди на Полска се наменети за употреба само на територијата на НАТО, спротивставувајќи се на барањата на Варшава системот да биде испратен во Украина.

„Овие системи Патриот се дел од интегрираната воздушна одбрана на НАТО, што значи дека се наменети да бидат распоредени на територијата на НАТО“, рече германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт во Берлин.

„За распоредување надвор од територијата на НАТО ќе бидат потребни претходни дискусии со НАТО и сојузниците“.

Берлин и го понуди на Варшава системот за ПВО „Патриот“ за да и помогне на Полска да го обезбеди нејзиниот воздушен простор откако проектил падна на полска територија минатата недела, при што загинаа две лица. Полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак вчера изјави дека побарал од Германија наместо тоа да го испрати „Патриот“ во Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Промовирана интерактивна веб страница за западнонилска треска

Министерството за здравство денеска ја промовираше новата…

Тошковски: Сите 310 кандидати ќе бидат примени…

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во…

Директорот на ПИОМ вели дека пензионерите го…

Фондот за пензиско и инвалидско осигурување годишно…

Насилно ја внел својата 17-годишна девојка во…

Полицијата во Велес приведе 21-годишен жител на…

Гранати од Првата светска војна пронајдени при…

Две артилериски гранати заостанати од Првата светска…