Објавено на:

Берлускони: Тешко е, но ќе успеам уште еднаш

t

„Тешко е, но ќе успеам уште еднаш“, рече 86-годишниот медиумски магнат во телефонско интервју со главниот уредник на весникот, Аугусто Минколини.

„Успеав да се издигнам и во чувствителни и тешки ситуации“, рекол Берлускони, пренесува весникот.

Берлускони, кој трипати беше премиер, втора ноќ ја минува на интензивна нега во болницата „Сан Рафаеле“ во Милано, каде што лекарите вчера во медицинскиот извештај констатираа дека „подолго време“ има леукемија и дека ракот на крвните клетки е во „упорна хронична фаза“.

Соопштението беше првата официјална информација од доктори откако Берлускони беше примен во болница во средата.

„Сегашната стратегија предвидува третман на белодробната инфекција, како и специјализиран третман насочен кон ограничување на негативните ефекти од хроничната леукемија“, се наведува во медицинскиот извештај.

Утринава министерот за надворешни работи Антонио Тајани, повикувајќи се на личниот лекар на Берлускони, Алберто Кангрило, извести дека Берлускони е свесен и добро реагира на лекувањето. Тајани е координатор на партијата Форца Италија, која Берлускони ја формираше пред околу 30 години.

Берлускони, чија партија е дел од коалицијата што ја поддржува владата на премиерката Џорџија Мелони, во последно време често оди во болница. Поранешниот премиер со години има пејсмејкер, а во 2016 година повторно му интервенираа на срцето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израелските медиуми со различни резултати од излезните…

Партијата Ликуд на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху…

ВМРО-ДПМНЕ: Очигледно вечерва на смена е Фрчковски,…

Очигледно вечерва во СДС на смена е…

Лидерот на главната опозициска партија во Албанија…

Лидерот на главната опозициска партија во Албанија…

Песков: Путин и Трамп не разговарале за…

Претседателите на Русија и на Соединетите Американски…

Нетанјаху предупреди дека „му ја крадат победата“:…

На денот на парламентарните избори, израелскиот премиер…