БЕСА: Али Ахмети и неговата ДУИ да не играат со националистичка карта, на Македонија не и се потребни меѓуетнички конфликти
Опозициската партија на Албанците во Македонија, Беса, го повика лидерот на владејачката ДУИ да не потпалува оган и да не игра со националистичка карта во земјава.
Во продолжение целото соопштение од Беса:
На јавноста веќе и се познати репризните политички тези на Али Ахмети и ДУИ. Во услови на криза во ДУИ, Ахмети и неговата партија се враќаат на националната реторика само за да добијат некој глас. Оваа реторика на Ахмети им оди во прилог само на Левица, и да ги охрабри Албанците во име на лажниот патриотизам на ДУИ да гласаат за нив.
Оваа политика на ДУИ не е показател на европскиот пат на земјата, туку напротив, уште повеќе го отежнува животот на граѓаните. Сè уште се свежи настаните кога учениците Албанци беа тепани по автобуси во Скопје. Затоа нашата држава заедно со сите етникуми што живеат во неа, обединети, треба да се интегрира во ЕУ.
Во моменти кога тој и неговата партија не успеваат во сите правци, тој се обидува со слепа политика да ја испрати земјата во бездната на меѓуетнички конфликт. ДУИ не треба да се занимава со ваква политика, туку да даде отчет за 20-те години неуспеси и за тоа што не успеале да реализираат ниту еден капитален проект во регионите со мнозинско албанско население. Државата е зафатена од криминал и корупција, а неуспесите на владата се последователни. На С. Македонија не и требаат меѓуетнички конфликти.
Движење Беса
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СИ-ЕН-ЕН: АМЕРИКАНСКОТО РАЗУЗНАВАЊЕ ПРЕДУПРЕДУВА ЗА МОЖЕН ИРАНСКИ…
Американските разузнавачки служби располагаат со информации кои…
Инстант лоз „Мега милионер“ – гребни ја…
Во понудата на инстант лозови на Државна…
ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ ВО ВАШИНГТОН ПРИВРЕМЕНО ЗАПРЕН: Амтрак…
Американската железничка компанија „Амтрак“ (Amtrak) привремено го…
НОВ ХАОС НА АМЕРИКАНСКИТЕ АЕРОДРОМИ: Падна системот…
Американската авиокомпанија United Airlines потврди дека се…
ДЕМОКРАТИТЕ ПОДГОТВУВААТ ГОЛЕМ УДАР ВРЗ ТРАМП: Се…
Американскиот претседател Доналд Трамп се соочува со…