Бесими: Буџетот ќе се крати секаде каде што може

t

Нашата економија, како мала и отворена (со 140% од БДП отвореност), е подложна на глобалните економски случувања, особено на случувањата во економијата на ЕУ.

Руско-украинската криза, посредно, преку европската економија се рефлектираше и кај нас. Каналите преку кои веќе се чуствува оваа криза е растот на цената на примарните производи, особено на храната и на енергенсите, пишува министерот за финансии, Фатмир Бесими во својата редовна колумна.

Имено, инфлацијата во април ја забележа својата највисока стапка (10,5%) од почетокот на деведесеттите години наваму. Останатите канали преку кои оваа криза може да делува на нашата економија се трговијата, намалувањето на довербата кај потрошувачите, а со тоа и на потрошувачката и затегнувањето на меѓународните финансиски пазари. Согласно ова и очекувањата за овогодинешниот раст не може да кореспондираат на проектираниот раст на БДП во буџетот за оваа година, кој беше донесен пред случувањата во Украина и изнесуваше 4,6%.

Очекувањата на меѓународните финансиски институции за годинава за нашата економија се движат околу 3% раст на БДП во просек (ММФ со проекција од 3,2%, ЕБОР со проекција од 3% и Светска банка од 2,7%). Каков ќе биде исходот, сепак, ќе зависи исклучиво од тоа што ќе се случува понатаму во Украина, какви нови санкции ќе се наметнат на Русија и како сето тоа тоа ќе се рефлектира на нашите најголеми трговски партнери од ЕУ.

Сепак, едно е јасно, потребно е реструктуирање на буџетот за да може соодветно да се одговори на новонастанатата ситуација. Во Министерството за финансии веќе се одвиваат консултации со институциите за степенот на реализација на проектите и тековните расходи. Она што со сигурност како министер за финансии можам да го кажам е дека ќе бидеме максимално конзервативни, секаде каде што може – ќе се скрати. На тој начин ќе се направи повеќе простор за нови реакции и мерки, кои со огледот на ситуацијата, најверојатно ќе бидат повторно потребни.

Од почетокот на кризата, одговорот на Владата изнесуваше 615 милиони евра за мерки за поддршка на економијата и граѓаните. Оваа сума е меѓу најсилните одговори на кризата во регионот. Хрватска има издвоено околу 635 милиони евра, Грција 500 милиони евра, Словенија и Албанија предвидуваат по околу 200 милиони евра итн. Нашата цел како Влада е да дадеме поддршка на граѓаните, на ранливите категории пред се, да го задржиме здравјето на економијата и да ја надминеме оваа криза, а потоа, да се вратиме на патеката и целта кон која се стремиме – повисоки и одржливи стапки на економски раст, пишува Бесими.

Извор: Локално

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бајден го потпиша договорот за буџетот: 1200…

Американскиот претседател Џо Бајден денеска потпиша предлог-закон…

Богоев со генералниот директор на корејската царина:…

„Системот за управување со ризици и податочен…

Собранието го усвои Буџетот за 2024 година

Собранието на Република Македонија денеска го усвои…

Владата им ги реализира проектите на градоначалниците…

Дали СДСМ почна да им реализира проекти…

Продолжува амандманската расправа за Предлог-Буџетот за 2024…

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска…