Бесими е уверен дека цариниците нема да ги блокираат границите, a даночниците ќе ги сработат платите
Министерот за финансии Фатмир Бесими е уверен дека вработените во Царина нема да ги блокираат границите, a вработените во УЈП нормално ќе ги работат пресметките за плати на вработените.
Бесими вели дека има разбирање за барањата на вработените во двете институции, но дека се бара одржливо системско решение за згомување на платите на вработените во администрацијата, кое ќе важи за сите.
Според Бесими, институциите треба да функционираат, а вработените да бидат професионални. Сепак, за екс министерот за финансии Таки Фити, токму институциите се најголемата слабост на земјава.
Во меѓувреме, трае двочасовниот протет на вработените во УЈП, а закана за штрајк дојде и од царина. Тие бараат 30 процентен додаток на плата, како нивните колеги од финансии. Ако не ги добијат, на 28 јуни почнуваат генерален штрајк.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Радовишанец им се заканувал на вработени во…
СВР Струмица – ОВР Радовиш поднесе кривична…
Уапсен 39-годишник: Фатен додека подигнувал сомнителна материја…
На 06.11.2026, во 20:30 часот во Скопје…
Расте бројот на жртви во Краков: Шестмина…
Најмалку шест лица се убиени, а 16…
Хрватска за 13 години изгубила речиси 64.000…
Хрватска во изминатите 13 учебни години остана…
Трамп му нареди на Министерството за правда…
Американскиот претседател Доналд Трамп му нареди на…