Бесими обелодени: Наместо од златните чинии Владата ќе крати од капитални инвестиции во новиот ребаланс на Буџетот

t

Фатмир Бесими, министер за финансии во интервју во емисијата Анализа на телевизија 24 вели дека со ребаланс на буџетот кој го планираат ќе кратат од капиталните инвестиции, односно како што изјави тој во делот на патна железничка инфраструктура и проектите од здравството ќе има кратење на средствата.

Главните проекти, дали тоа е патна инфраструктура, железничка инфраструктура, или овие проекти што се во здравството, проектите кои што според актуелната состојба се гледаат дека до крајот на годината нема да се реализираат со таа динамика за кои се резервирани пари, затоа што буџетот е план и тоа се резервирани пари за одредена намена, доколку знаеме дека за таа намена нема динамика на реализација до крајот на годината ние тој план го ревидираме на начин таму каде што имаме најитни потреби и каде што знаеме дека ќе се реализира, тоа е всушност тоа што го викаме ребаланс, вели Бесими.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кочоска: Целта на ребалансот е да обезбедиме…

Предложениот ребаланс на буџетот обезбедува дополнително забрзување…

Продолжува расправата за ребалансот на Буџетот

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска…

Левица: Новото задолжување е доказ за испразнетата…

Новото задолжување од 260 милиони евра кое…

„Левица“: Ни ребаланс не го спасува Буџетот

Фактот што за само четири месеци се…