Бесими објасни зошто Владата зема кредит од 50 милиони евра
Министерот Фатмир Бесими денеска објасни зошто Владата зема краткорочен кредит од Шпаркасе банка на износ од 50 милиони евра.
Имено, од потребните 900 милиони евра за покривање на буџетскиот дефицит годинава, Владата на овој начин успева да обезбеди 50 милиони евра. Бесими потврди дека е земен кредит во вредност од 50 милиони евра од Шпаркасе банка, со камата од 2,2 отсто. Според првиот финансиер, условите за издавање еврообврзница сега не се поволни поради високите камати. Состојбата ќе се следи до крајот на годината, а дотогаш ќе се бараат други начини за да се обезбедат потребните пари.
„Кредитот е земен за премостување на периодот до издавање на еврообврзница, бидејќи каматите во моментов се многу високи, 7,5 отсто беа во мај и јуни. Сега е 6 отсто каматата, но чекаме поволен период за да ја издадеме“, вели Бесими.
Според Бесими, Владата работела да обезбеди поповолни услови.
„Ова го работиме неколку месеци и така дојдовме до овие 50 милиони. Ова задолжување се користи за буџетски тековни трошоци. Парите ние ги земаме во трезори и ние сега гледаме каква ни е позицијата на расходна страна“, рече Бесими.
Владата ќе го отплаќа овој кредит 12 месеци. Спроед првиот човек на финансии ваквиот начин на краткорочно задолжување може да се случува и до крајот на годината, ако не се создадат поволни услови за ееврообврзница.
Извор: Фактор
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…