Бесир Шабани нов член на Надзорниот одбор на „Македонска Навигација“ – М-НАВ
Бесир Шабани е нов член на Надзорниот одбор на „Македонска Навигација“ – М-НАВ, објави Македонската берза.
– Ве известуваме дека е извршена промена кај членовите на Надзорниот одбор на Акционерското друштво во државна сопственост за управување со воздушниот сообраќај и
давање услуги во воздухопловна навигација М-НАВ АД Скопје. Со Одлука на Владата на Република Северна Македонија во својство на Собрание на Акционерското друштво во државна сопственост за управување со воздушниот сообраќај и давање услуги во воздухопловна навигација М-НАВ АД Скопје за член на Надзорниот одбор е избран Бесир Шабани, стои во објавата на Берзата.
Согласно настанатата промена, Надзорниот одбор на Акционерското друштво во државна сопственост за управување со воздушниот сообраќај давање услуги во воздухопловна навигација М-НАВ АД Скопје е во состав од членовите: Горан Јандреоски, претседател, Милорад Милановиќ, член и Бесир Шабани, член.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Млада битолчанка со остар предмет го нападнала…
Вчерашната вечер не се покажала како празнична…
Дали има договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ…
„Да, бараме“ - вака потпретседателот на ДУИ,…
Шефот за надворешна политика на Бундестагот ја…
Претседателот на Комисијата за надворешни работи на…
Трајко Славески за лошите резултати на учениците:…
Во објава на социјалните мрежи, актуалниот гувернер…
Од сабота „Безбеден град“ и во Велес
„Безбеден град“ од сабота, 12 септември, почнува…