Објавено на:

Бесмислено е да има разговори за завршување на војната без учество на Русија, порача Захарова

t

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека секакви разговори за прекин на конфликтот во Украина се бесмислени без руско учество.

Захарова, исто така, рече дека мировната формула на украинскиот претседател Володимир Зеленски, која повикува на целосно повлекување на руските сили од сите територии што ги окупираа, не го приближува мирот, туку го продолжува конфликтот – – пренесе „Ројтерс“.

Швајцарија претходно овој месец објави дека ќе биде домаќин на дводневна конференција од 15 до 16 јуни за постигнување мир во Украина.

Русија одговори дека нема да учествува, а Кремљ посочи дека идејата за одржување мировни преговори без Русија е смешна.

Захарова, исто така, изјави дека секое нуклеарно оружје распоредено во Полска ќе стане легитимна цел во случај на вооружен конфликт со НАТО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…

Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…

Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…

Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…

Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…

Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…

Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…

Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…