Бесплатниот превоз во Скопје ќе се одвива во етапи
Во вечерашното издание издание на “Наше Скопје” градоначалничката Арсовска, изјави дека бесплатниот јавен превоз ќе се одвива етапно во фази и дека вратен е бесплатниот јавен превоз за категоријата на граѓани за кои претходно бил укинат.
“Повторно се служат со лаги и манипулации. Секој еден граѓанин кој ја има земено програмата “За модерно Скопје” ја има прочитано или разгледано, може да прочита дека бесплатниот јавен превоз ќе се воведува етапно на фази. Има причини зошто е тоа така. Прво затоа што во овој момент не располагаме со доволно возила ниту пак со добро опремени возила за да може да се реализира бесплатниот автобуски превоз веднаш. Опточнавме во фази како што ветивме. Една фаза е да се отпочне бесплатен превоз за сите оние категории граѓани за кои претходно беше укинат, меѓутоа во втората фаза исто така да се прилагоди инфраструктурата, затоа што за да донесете вие модерни возила без разлика дали тие ќе бидат од еко тип или хибридни, важно е дека ние мора да подготвиме инфраструктурата за тоа. Сите знаат дека набавка на нови автобуси не се прави за еден ден. Вие не можете да воведете нешто во целост ако не бидете сигурни дека услугата која што треба да пристигне кај граѓаните треба да биде токму онаква каква што е ветена” – додаде Арсовска
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тешка кражба во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…
Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…
(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…
Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…
Се намалува цената на парното во Скопје
Од први август скопјани ќе плаќаат пониска…
Денеска ќе знаеме колку ќе поскапи парното…
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска на…