Бестселер во најава: Зеленски ќе објави книга со неговите говори за време на војната со Русија
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски ќе објави книга со неговите говори за време на војната со Русија.
Публикацијата се очекува да излезе на пазарот на книги на 6 декември.
Воведот ќе го напише самиот Зеленски.
Книгата ќе биде насловена „Порака од Украина“ и ќе содржи предговор на Аркадиј Островски, уредник на Економист за Русија и Источна Европа.
„Поддршката за Украина не е мода или мем. Ако сакате да разберете кои сме, од каде сме, што сакаме и каде одиме, треба да дознаете повеќе за нас. Поддршката за Украина не е привремена и нема да исчезне по војната. Оваа книга ќе ви помогне да дознаете многу повеќе за украинскиот народ“, рече Зеленски.
Приходите од публикацијата ќе бидат наменети за United24, иницијатива која Зеленски ја покрена за координирање на добротворни донации за Украина.
Читателите ќе имаат можност да уживаат во 16 клучни говори на претседателот, бидејќи во нив, според него, најмногу може да се разбере украинскиот народ, неговите вредности и аспирации.
Поранешниот актер и комичар, Володимир Зеленски беше избран за претседател на Украина во 2019 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…
Европските држави ќе одржат воена вежба за…
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…
Трамп ги замрзна санкциите кон Русија
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…
Украина нападна руска радарска станица вредна околу…
Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…
Руските власти го уапсија главниот уредник на…
Уредникот на рускиот независен медиум „Новаја Газета“,…