Бехтел и Енка вели дека Владата не должи ни денар, а отпуштањата се на нивна одлука и одговорност
Проектот продолжува да постигнува добар напредок и потврдуваме дека сите фактури до овој датум се целосно платени од страна на Владата, се наведува во одговорот на градежната компанија Бехтел и Енка по повод отпуштањето на педесетина работници од гостиварско тетовскиот регион кои работат на автопатските делници од Коридорот 8.
Портпаролот на Бехтел-Енка на барање на МИА во врска со отказите кои беа врачени на педесетина вработени, одговори:
– Горди сме на нашето наследство низ Централна и Источна Европа, испорачувајќи стотици километри големи автопатишта, давајќи приоритет на локалните работници и поддржувајќи ги локалните заедници и бизниси.
Таа потврди дека проектот продолжува да постигнува добар напредок и дека остануваат посветени на партнерство со Владата за да се испорача автопатска инфраструктура што ја зајакнува поврзаноста, ја поддржува локалната вработеност и придонесува за економски раст. Од меѓународната компанија беа децидни и потврдија дека сите фактури до овој датум се целосно платени од страна на Владата.
Тесно соработуваме со Владата на Северна Македонија за да ги усогласиме градежните активности со тековните национални приоритети. Ова вклучува усогласување на нивоата на работна сила во различни фази од проектот за да се задоволат оперативните потреби, рече Даниела Милошевска.
Од компанијата додаваат:
„Свесни сме дека ова е тежок период за засегнатите, но, поради природата на индустријата во која работиме, честопати постои потреба да го намалиме нашиот персонал за да ги задоволиме оперативните потреби. Категорично нема разлика во третманот врз основа на националноста. Демобилизацијата се однесува на мешавина од меѓународни и локални работници со процеси утврдени според видот на договорот.“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Ученик пукал во училиште на Филипините,…
Ученик вооружен со пиштол и пушка утрово…
Вечерва ќе се спроведе 13-тата дезинсекција против…
Вечерва на подрачјето на градот Скопје, ќе…
Речиси цела држава во зона со висок…
Според метеоролошкиот индекс на пожар, речиси целата…
Секретарот Кенеди : Ковид-19 имаше симулација по…
Под водство на Гејтс, во средината на…
Се тепале колеги болничари во болницата во…
На 17.08.2026 во 09:20 часот во Полициската…