Бејта: Груби е тенеќе, не се мери со карати

t

Во телевизистко интервју на Алсат М телевизија, членот на ДУИ и еден од таканаречената „огнена група“, Невзат Бејта, испрати можеби и најдиректни критики и навреди за неговиот сопартиец Артан Груби.

Во продолжение прочитајте какви критики и навреди испрати Бејта кон Груби.

Бејта: Што се однесува на оработката со Арбен Таравари, соработката била уште во 2017-та. Таа била тајна соработка и координатор беше Талат Џафери. Како последица на тоа што ние излеговме тогаш, тие се мобилизираа и креираа нивни структури за да ме елиминираат мене од Гостивар и му помогнаа на Арбен Таравари, беа во коалиција.

Новинарка: Бидејќи господинот Ахмети вели дека не го дава Артан Груби, јас сакам да го поставам прашањето користејќи се со една ваша изрека. Колку карати е Артан Груби?

Бејта: Артан Груби не е од металите кои се мерат со карати, туку е еден метал кој нема карати, бидејќи ако имаше карати ќе беше добро. Тогаш немаше да прави раскол во ДУИ. Тие што немаат карати се железото, тенеќето овие… Металите кои имаат карати се добри метали и вредни кои луѓето ги сакаат и врз основа на металите кои се вредни се мери и квалитетот на металот, но и луѓето врз основа на добрите работи кои ги прават и тие се мерат во карати. Ако прават сплотување и ако не прават елиминирање на членството и ако не им штетат. Но тие и им се закануваат на членовите бидејќи ја имаат власта, но членовите не се плашат.

https://www.facebook.com/watch/?ref=external&v=493428196061607

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Разговарав со Ким Џонг Ун –…

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска посочи дека…

Пентагон склучи договор од 22,9 милијарди долари…

Пентагон денеска објави дека потпишал договор вреден…

Претседателот на Хрватска утре ќе побара вонредна…

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ утре ќе испрати…

Ѓорѓиевски: По две децении Серава добива нов…

Проектот за уредување на коритото на реката…

Затвор за разговор со странски новинари: Иран…

Иран го заострува притисокот врз медиумите со…