Беќаровски: Дон Кихот кончено го напуша оклопот, по 35 години борба за здраво јавно здравство

t

Триесет и пет години бев најголем борец за здрав јавен здравствен сектор. Дон Кихот конечно го напушта оклопот. Ова во објава на Фејсбук го напиша раководителот на одделот за интензивна нега на Клиниката за токсикологија, проф. д-р Нико Беќаровски по вчерашната прес-конференција на која заедно со лекарскиот колегиум рекоа дека се соочуваат со тотален отпор и несоработка со организациската директорка на Клиниката, Бесија Иљази.

Професор доктор Нико Беќаровски, раководител на одделот за интензивна нега на Клиниката за Токсикологија на прес-конференција заедно со лекарскиот колегиум од оваа клиника / Фото: Принтскрин
Објавата на д-р Беќаровски доаѓа и по изјавата на министерот за здравство, Илир Демири, дадена исто така вчера, во која рече дека не констатирал никакви прекрушувања во работата на Иљази и најави разрешување на медицинскиот директор на Токсикологија.

Дел од медиумите, реакцијата на Беќаровски на социјалните мрежи ја толкуваат како негова најава за заминување од јавното здравство.

„35 години бев најголем борец за здрав јавен здравствен сектор. Дон Кихот конечно го напушта оклопот. Време е во некоја од приватните болници да се отвори Одделение за детоксикација и клиничка токсикологија. Бројот на консументи на психоативни супстанции секојдневно расте“,

напиша д-р Беќаровски на „Фејсбук“.

Тој, на прес-конференцијата со дел од лекарите од Клиниката за токсикологија, рече дека уште од првиот ден се соочуваат со отпор и несоработка со организациската директорка на Клиниката за токсикологија, која, како што кажа, инсистира да бидат вработени 18 лица на кои на крајот на минатата година им биле истечени договорите. Според Беќаровски, како што рече тој на вчерашната прес-конференција, Клиниката реално нема потреба од толкав број на вработувања.

Тој кажа дека на Клиниката биле свикани неколку состаноци на кои била повикана да присустува и организациската директорка, но, сите договори кои ги правеле на тие состаноци, рече Беќаровски, до следниот ден веќе не важеле.

Главниот проблем со кој се соочува Клиниката во моментов, посочи тој, е доекипирање на лабораторијата.

„Секој што малку разбира токсикологија знае дека Токсиколошка клиника без Токсиколошка лабораторија не може да функционира. Во моментот таму има еден лаборант, а за минумум да работи оваа лабораторија потребни се барем двајца дипломирани биолози и еден техничар со средно медицинска спрема“,

изјави вчера тој.

Според него, со оглед дека е предизборен период и дека не може да реализираат вработувања, нивното барање било да се примат двајца лаборанти и еден болничар за да може во овој период клиниката да функционира.

„Директорката инсистира сите 18 кои беа претходно примени со договор на дело, а на кој им истече договорот на крајот на минатат годинина, да бидат истовремено примени. Но, ставот на лекарскиот колегиум на Токсикологија е дека немаме потреба од толкав број на нови примања. Клиниката во моментот има реално потреба од тројца луѓе да се доекипира лабораторијата и тројца болничари. Се инсистира по секоја цена да се примат луѓе кои беа донесени како што се менуваа директори и министри. Се направи 7 или 8 административци и 2 и 3 секретарки да се примат на Клиниката. Бараме како стручен колегиум да се продолжи со работа на лабораторијата и да се почитуваат договорите. Сите има повеќе стаж, отколку што организациската директорка што има години“, рече д-р Беќаровски.

На новинарско прашање дали меѓу тие 18 лица за кои се бара вработување и за болничарот, за чиј случај веќе се дискутирало на Клиниката, кој вршел притисок врз лаборант да биде земенета урина во која имало наркотици со урина која е чиста, ама лаборантот не прифатил, Беќаровски даде потврден одговор и посочи дека 18 луѓе без никаков договор доаѓаат на работа на Клиниката за токсикологија, иако договорите им се истечени и не би требало да бидат на Клиниката.

Уште од првиот ден се соочуваме со тотален отпор и несоработка со организациската директорка на Клиниката за токсикологија. Свикани се неколку состаноци на кои беше и таа повикана да присуствува, но за жал сите договори кои ги правевме на тие состаноци, од следниот ден веќе не важеа.

„Дискутиравме на стручен колегиум за ова и во записникот ќе видите дека баравме истиот да биде суспендиран. За жал тој се уште се врти тука. Организациската директорка и понатаму го тера да доаѓа на работа. И денеска може тука да го видите“, рече тој.

Инаку, по прес-конференцијата на лекарскиот колегиум, прес-конференција одржа и организациската директорка Бесија Иљази, но само на албански јазик. Дел од медиумите ја напуштиле оваа прес-конференција зашто им било соопштено дека нема да има превод.

Вработените на Клиниката за токсикологија завчера преку соопштение посочија дека од почетокот на нејзиното назначување за помалку од два месеци долгот на клиниката се зголемил за приближно два милиони денари.

Во писмото испратено од вработените на оваа клиника се вели дека организациската директорка не ги исполнува условите за функцијата, кои, како што додаваат, се пропишани со законот за директори.

Во нивната рекација пишува и дека таа на работа доаѓала во 10 часот, а си одела во 14 и 30 часот, односно, како што велат, на работа присуствувала по четири и пол часа.

Министерот за здравство Илир Демири денеска најави дека ќе го разреши медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија. За економската директорка Бесија Иљази, Демири вели дека нема констатирано ниту едно прекршување.

„Три недели ја испитував ситуацијата и на жалост констатацијата е вистина. Јас сум длабоко уверен дека луѓето што користат вакви испади и навреди на национална основа не го мислат тоа. Медицинскиот директор и одредени лекари денеска и на Фејсбук имаат објавено навреди, не сакам да бидам нивни портпарол. Тврдам дека не може доктор да мисли така и да се служи со таков речник. Јас ќе преземам сериозни мерки. Медицинскиот директор денеска ќе го разрешам иако сме влезени во изборите“, рече вчера Демири.

Во однос на завчерашното писмо кое беше испратено до медиумите од страна на вработените во Токсикологија, а во кое велат дека со назначување на в.д. организациската директорка Бесија Иљази на Клиниката за токсикологија, на само еден ден пред формирањето на техничката влада се случува деорганизација, а не организација во оваа здравствена установа, Демири рече дека лекарите се служат со навреди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Внукот на Тоше, Кристијан преку фото-галерија му…

Внукот на Тоше Проески, Кристијан кој уште…

Британија и Украина започнаа преговори за „стогодишно…

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон, кој…

Во ЕУ 7,1 отсто од вработените работат…

Во Европската унија во 2023 година, 7,1…

Бајден ќе воведе санкции и визни забрани…

Американскиот претседател Џозеф Бајден има намера наскоро…

Ахмети: Касами нека го фрли белиот пешкир…

Носителот на листата во шестата изборна единица…