Беџети: Груевски може да се врати кога сака во Македонија
Груевски може кога сака да се врати, зашто тој е граѓанин на оваа земја – рече во интервју за Алсат Блерим Беџети организациски секретар на ДУИ.
Тој исто така кажа и дека „не сака да биде адвокат на ниту еден министер“ и да одговори на прашањето кој министер од ДУИ бил во Будимпешта.
„Добро е да каже ВМРО кој министер бил, не сакам да играм улога на адвокат на ниту еден министер, најмалку имам потреба за тоа.. Сигурно дека уставните измени се корисни за државата и граѓаните. Сега, внатрешните разлики што ВМРО ДПМНЕ ги имаат се нивно прашање, но тоа воопшто не треба да го спречи овој процес кој е многу важен за интеграцијата на државата односно за почеток на преговорите со ЕУ. Многу е корисно и за животниот стандард и сите придобивки што ги носи ЕУ“, рече Беџети.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Минималната дневница во земјавата колку 1,5 час…
Дневницата во Македонија чини колку час и…
Орбан со предупредување до Европа: Таквиот чекор…
Учеството на Украина во Северноатлантската алијанса би…
Одлуките од Самитот во Хаг ќе имаат…
Одлуките донесени на Самитот на НАТО во…
Вучиќ предупредува: По 21 часот очекувам насилство…
Во Белград денеска се одржува голем студентски…
САД: Примирје во Газа е можно за…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува…