Вучиќ предупредува: По 21 часот очекувам насилство – тие немаат друг излез
Во Белград денеска се одржува голем студентски протест под слоганот „Ќе се видиме на Видовден“, кој студентите го најавија како пресвртна точка во својата повеќемесечна борба.
Протестот, најавен да трае до 21 часот, има јасно поставени барања: распишување нови избори и укинување на контроверзниот шаторски камп познат како „Чациленд“.
Студентите најавија дека по 21 час, доколку нема одговор од властите, ќе следи граѓанска непослушност.
Српскиот претседател Александар Вучиќ веќе одби да ги прифати нивните барања, а во денешната изјава предупреди на можна ескалација.
„Вечерва ќе ги видите гневните. На крајот сето тоа ќе заврши со насилство, бидејќи не си оставија друг избор. Жал ми е, и затоа повторно, ги молам да не го прават тоа. Секогаш е подобро да се повлечеш, отколку да направиш нешто поради што ќе се каеш цел живот“, изјави Вучиќ.
Тој нагласи дека „блокадерите нема да бидат среќни од исходот“, и додаде:
„Државата ќе биде сочувана, а насилниците ќе бидат изведени пред правдата.“
На прашање што ќе се случи по 21 часот, Вучиќ одговори дека очекува насилство.
„Нашите безбедносни проценки велат дека од 20:45 до 21:45 часот може да се очекува почеток на инциденти. Но, подготвени сме“, порача претседателот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…