Објавено на:

Орбан со предупредување до Европа: Таквиот чекор би значел започнување на Трета светска војна

t

Учеството на Украина во Северноатлантската алијанса би претставувало директна конфронтација со Русија и сериозен ризик од избивање на Трета светска војна, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.

„Украина во НАТО? Тоа би значело војна со Русија и Трета светска војна уште следниот ден. Во меѓувреме, неразумната брзоплетост на Европската унија за прием на Украина ќе ја помести фронталната линија во срцето на Европа. Тоа не е дипломатија, тоа е лудило – не се фрлаат кибрити во буре со барут“, напиша Орбан на социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер).

Унгарскиот премиер подвлече дека Европа не смее да дозволи себе си да се претвори во бојно поле поради вакви пристапи.

Да потсетиме, првиот самит на НАТО по изборната победа на Доналд Трамп во САД се одржа во вторникот и средата во Хаг.

Украинското прашање било на агендата, но украинскиот претседател Володимир Зеленски не учествувал во официјалната програма. Според Орбан, делегациите на САД, Турција, Словачка и Унгарија изразиле неподготвеност да седнат на иста маса со Зеленски.

Самитот заврши со рекордно кратко заедничко соопштение, во кое Украина се спомнува минимално. Се најавува продолжување на поддршката за Киев, но нема никаква конкретна најава за членство во НАТО, ниту пак се спомнува Русија во контекст на украинскиот конфликт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД ИЗДАДОА ЗДРАВСТВЕНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Сомнежи за белодробна…

Американската амбасада во Москва издаде здравствено предупредување…

Се огласи МВР за случајот Марковски: Се…

Според информациите од МВР, претрес се спроведува…

Поради денешниот инцидент во Црно Море: Претседателката…

Претседателката на Бугарија Илијана Јотова свика седница…

Морнар спасен од брод кој беше нападнат…

Морнар од трговскиот брод „Ејбл“ (Able), кој…

Вулин ќе се кандидира за претседател на…

Основачот на Социјалистичкото движење, Александар Вулин ја…