БИА: Бесмислени се наводите во извештајот на Амнести интернешенел

t

Безбедносно-информативната агенција (БИА) соопшти дека работи исклучиво во согласност со законите на Република Србија и посочи дека се бесмислени наводите во извештајот на Амнести интернешнал дека владата во Србија користи софтвер за нелегално шпионирање на активисти и новинари.

Во соопштението се нагласува дека БИА може само да констатира дека тривијалниот сензационализам на содржината на тој извештај укажува на целта на Амнести интернешенел, што, како што се наведува, се рефлектира во работата за интересите на одредени агенции и групи за притисок.

„Безбедносно-информативната агенција работи исклучиво во согласност со законите на Република Србија и затоа не сме ни во можност да коментираме бесмислени изјави од нивниот текст, бидејќи вообичаено не коментираме слична содржина“, се вели во соопштението, објавено на веб-страницата на БИА.

Претходно денеска Амнести интернешнал објави извештај во кој се тврди дека властите во Србија, наводно преку БИА и полицијата, незаконски шпионираат новинари и активисти кои организираат протести.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Меланија Трамп повика на трајно примирје во…

Првата дама на САД, Меланија Трамп, денеска…

Муцунски оствари средба со Варнс: Фокус на…

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија…

Мелони предупредува: Европа ризикува да остане без…

Италијанската премиерка Џорџа Мелони предупреди дека Европската…

МВР: За само пет дена 25 пријави…

Во периодот од 1 до 5 ноември,…

НАРОДНАТА БАНКА СО ДЕТАЛИ ЗА ТРАНСАКЦИИТЕ НА…

Народната банка на Македонија денеска, 5 ноември,…