Библиотеките од Битола и Херцег Нови со нови активности за продолжување на соработката
Како продолжување на воспоставената соработка на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола и Градската библиотека и читаоница Херцег Нови, програмскиот раководител м-р Јелена Петровска оствари работна средба со директорката на Библиотеката Јасна Маслан.
Беа пренесени предлози од директорот м-р Бојан Стефановски и одговорните лица за реализација на повеќе библиотечни програми и активности кои ќе придонесат во збогатување на библиотечниот фонд на двете институции, размена на библиотечни искуства и практики, организација на Саеми на книгата, развој на одделни библиотечни збирки и учества во заеднички проекти.
На средбата се разменаа мислења во однос на проблемите со заштитата и популаризацијата на библиотечниот материјал, особено на роднокрајната збирка.
Директорката Маслан ја поддржува иницијативата за развој на иновативни и креативни проекти во регионот, како дел од ЕУ програмите за остварување на целите од УНЕСКО Агендата 2030.
На средбата беше посочена обострана заинтересираност за соработка и учества во регионалните проекти во однос на изложби и стручни средби на повеќе библиотеки од Црна Гора.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
Фрлен солзавец во ноќен клуб во БиХ,…
Ноќна забава во Тешањ, Босна и Херцеговина,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…