(Бизарно видео) Озлогласениот инфлуенсер ослободен од затвор порача: „Имам јасен план”

t

На Ендрју Тејт (36), кој во петокот беше ослободен од затворот во Букурешт, не му требаше многу време да се огласи на Твитер, единствената социјална мрежа која сè уште му е достапна.

Тој и неговиот брат Тристан (34) и двете нивни соработнички, Романки, не се на слобода – по три месеци зад решетки, ќе поминат најмалку уште еден месец во домашен притвор, а истрагата за обвиненијата за трговија со луѓе и приклучување кон криминалната организација продолжува.

Неколку часа откако се вратил дома, самопрогласениот женомрзец објави бизарно видео на кое се гледа како пуши пура и се шета низ куќата облечен во ништо друго освен тренерки. Во објавата тој напиша дека живее во 24-часовен притвор од минатата година.

– Се шетав околу ќелијата од три метри, без никаква електроника или надворешен контакт. Целосна јасност на умот. Вистински мисли. Вистинските планови, напиша криптички. А пораката што поранешниот кик-боксер ја испрати кога тој и неговиот помал брат беа ослободени од притвор во петокот вечерта, очигледно има подлабоко значење: „На крајот на сето тоа, нема да се сеќаваме на зборовите на нашите непријатели, туку на молкот на нашите пријатели“.

Во деновите пред домашен притвор, Ендрју и Тристан неуспешно се обидоа да ја поништат одлуката со која им се забранува да платат кауција. Меѓутоа, нивните адвокати успеале да ги натераат следните 30 дена наместо во затвор да ги поминат во домашен притвор.

Браќата подготвија изјава и за луѓето од медиумите кои дојдоа пред зградата на затворот од која беа ослободени и пред нивниот имот, кој е нивна база од 2017 година. Ендрју тогаш изјави дека одлучил да се пресели во Романија затоа што сака да живее во земја „каде корупцијата е достапна за секого“, каде што „има повеќе слобода“ и „може да прави што сака“.

– Судиите пред кои бевме денеска внимателно не слушаа. Тие слушаа и покажаа дека нè слушаат, па затоа имам апсолутна почит кон нив, изјави Тејт на новинарите.

– Не чувствувам никаков презир кон Романија или кон кој било друг, само верувам во вистината. Верувам во Бог и сигурен сум дека огнот ќе ги уништи сите лаги и секако оние кои лажат доволно долго за да се каат. Навистина верувам дека правдата на крајот ќе биде задоволена. Шансите се нула проценти да бидам прогласен за виновен за нешто што не сум го направил. Целосно сум невин и мислам дека повеќето луѓе го разбираат тоа. Се надевам дека наскоро ќе бидам дома, па ви благодарам на сите.

На прашањето што планира да направи во наредните денови, Тејт одговори:

„Додека бев во затвор направив 7.417 склекови, па планирам да стигнам до 10.000 до викендот. Ќе се фокусирам на склекови и учење на Куранот. Ви благодарам“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ