„Билатерализација не смее да го кочи проширувањето на ЕУ“, рече Сиљановска-Давкова од Љубљана
Во рамките на официјалната посета на Република Словенија, денеска во Љубљана беше одржана заедничка прес-конференција на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар.
„Разговаравме и за соработката во рамките на Западниот Балкан. Со задоволство прифатив да помогнам во Процесот Брдо Бриони, бидејќи самото постоење на овој процес покажува посветеност на Словенија и Хрватска на регионот. Уште еднаш се заблагодарувам за тоа.
Во однос на нашата европска интеграција, повторив дека остануваме посветени. За нас ЕУ беше и останува не само географски, историски, заеднички културен дом, туку и важен приоритет. И очекуваме како и досега, поддршка од Словенија на овој пат.
Она што сакам да го потенцирам е да укажам на опасноста од билатерализацијата на процесот на проширувањето, особено кога таа е врзана за идентитетските прашања, за кои не се преговара. Ние не бараме привилегии, туку доследна примена на европското право и почитување на историскиот и културниот идентитет на народите и дигнитетот и интегритетот на индивидуите.
Европската Унија, персонифицира единство на различностите. ЕУ останува инспиративна филозофија, ако си ги почитува вредностите и принципите.
Интеграцијата на Западниот Балкан не е само политичко, туку и безбедносно прашање. Не е доволна реториката за да бидете отпорни на туѓи влијанија, бидејќи сите знаеме дека не постои политички вакуум којшто некој нема да се обиде да го пополни, или да влијае на него. Балканот секогаш бил своевиден лакмус за одмерување на силите на важните актери“, изјави Сиљановска-Давкова.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Билатерализација не смее да го кочи проширувањето…
Во рамките на официјалната посета на Република…
Нови правила: Влез во Грција само со…
Ако летово планирате пат со автомобил во…
Лидл најавува нови вработувања и инвестиции: Над…
Лидл Северна Македонија продолжува со кампањата за…
Дурмиши: Со новите предлог-измени за игри на…
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши…
За паркинг на второ возило во Центар…
Во услови кога бројот на возила во…