Билјана Јаневска поднесе оставка од сите функции во ЛДП
Билјана Јаневска, генерален секретар на Општинската организација на Либерално-демократската партија во Карпош, денеска поднесе оставка од сите партиски функции. Оставката, вели, ја поднесува од лични причини.
-Би сакала да ја информирам јавноста дека денеска поднесов неотповиклива оставка од сите мои функции во Либерално демократската партија. Сметам дека дадов свој придонес во ЛДП, а оставката ја поднесувам од лични причини кои заради коректност кон партијата, нема да ги образложувам, вели за МИА Јаневска.
Таа потенцира дека денеска завршува со оваа заложба која, како што вели, била полна со предизвици, искачувања и падови. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел ја зголемува готовноста: Извештаи за нови…
Западни разузнавачки служби регистрирале нови воени активности…
Иранска воена техника се движи кон Кувајт?!…
Снимки што се споделуваат на социјалните мрежи,…
Герасимовски: Постапката за „Барутана“ е законска обврска
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во…
Мицкоски за предвремени избори: Можно е, никогаш…
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, во интервју…
Северна Кореја тестираше ракети од под вода:…
Северна Кореја соопшти дека тестирала два типа…