Објавено на:

Бил Гејтс ќе се сретне со кинескиот претседател во Пекинг

t

Бил Гејтс, ко-основачот на „Микрософт”, треба да се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг во петок за време на неговата посета на Кина, дознава „Ројтерс”.

Состанокот ќе ја одбележи првата средба на Си со странски приватен претприемач во последниве години. „Ројтерс” пишува дека средбата може да биде средба еден на еден.

Темата на разговорот е сѐ уште непозната. Гејтс во средата објави дека слетал во Пекинг за прв пат од 2019 година и дека ќе се сретне со партнери кои работеле на глобалните здравствени и развојни предизвици со Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс.

Гејтс се повлече од одборот на „Микрософт” во 2020 година за да се фокусира на филантропски дела поврзани со глобалното здравје, образование и климатски промени. Во 2008 година, тој ја напушти својата извршна функција со полно работно време во таа фирма.

Последната пријавена средба меѓу Си и Гејтс била во 2015 година, кога тие се сретнале на маргините на форумот Боао во провинцијата Хаинан. На почетокот на 2020 година, Си му напишал писмо на Гејтс во кое им се заблагодарува и на Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, што ветиле помош за Кина, вклучително и 5 милиони долари за борбата на земјата против ковид-19.

Неколку странски извршни директори ја посетија Кина откако таа повторно беше отворена на почетокот на оваа година, но повеќето главно се сретнаа со владините министри.

Премиерот Ли Кианг во март се сретна со група странски извршни директори, вклучително и Тим Кук на „Епл”, а Илон Маск од „Тесла” се сретнал со вицепремиерот Динг Суексианг минатиот месец.

Расположението на странската деловна заедница кон Кина, сепак, стана претпазливо бидејќи кинеско-американските тензии се интензивираат и Си го зголемува фокусот на земјата на националната безбедност.

Посетата на Гејтс, исто така, доаѓа пред долго одложуваната посета на американскиот државен секретар Ентони Блинкен на Кина, која треба да се одржи меѓу 18 и 19 јуни, која има за цел да ги стабилизира односите меѓу двете најголеми светски економии и стратешките ривали.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин – Џинпинг: Русија и Кина работат…

Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека…

Путин слета во Пекинг

Рускиот претседател Владимир Путин слета во Пекинг…

Кинеските јавни тоалети сега можат да ви…

Кинеските јавни тоалети сега можат да ви…

Средба на годината: Путин ќе ја посети…

Рускиот претседател Владимир Путин ќе ја посети…

Кинескиот амбасадор во Србија: Посетата на Си…

Кинескиот амбасадор во Србија Ли Минг истакна…