Бислимовски: Немаме однос кон водата како природен ресурс, загубите се до 60 отсто

t

Последните податоци покажуваат дека немаме однос кон водата како природен ресурс и загубите на национално ниво достигнуваат до 60 отсто поради лошата инфраструктура и поради отсуство на инвестиции на јавните претпријатија. Секој пат кога се определува опсег на тарифа, советите на општините најчесто ја одбираат тарифата во чија структура степенот на инвестиции е на најниско ниво и подразбира базично одржување на мрежата, рече претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски кој заедно со колегите од регионот и ЕУ потпиша Меморандум за соработка во областа на водните услуги.

Ова, оцени Бислимовски, е проблем со кој се соочуваат сите во регионот.

-Неопходно е да се објасни секој денар за што се троши и колку инвестиции се реализираат во комуналните претпријатија, подвлече претседателот на РКЕ.

Меморандумот беше потпишан во Тирана од страна на регулаторните комисии за енергетика на Северна Македонија, Албанија, Косово и Црна Гора, како и Асоцијацијата на регулаторни тела на Европа за водни услуги (WAREG). Целта е заеднички изнаоѓање решенија за менаџирање на водните услуги.

Како што информира РКЕ, регулаторите се обврзаа и преку заедничка соработка да ја усогласат домашната регулатива со законите на ЕУ.

-Документот е резултат на досегашните заеднички билатерални програми за соработка во рамки на WAREG за зајакнување на институционалните капацитети на регионално ниво. Делиме исти предизвици, а клучен постулат во нашата работа е на сите потрошувачи да им се обезбеди правото на вода, која треба да е високо квалитетна и достапна по тарифа која ќе гарантира и инвестиции во мрежата со цел да се намалат загубите, нагласи Бислимоски, додавајќи дека оваа фаза од процесот на реформи во секторот води во земјите од регионот е неизбежна и од голема важност за доверливи, одржливи и економични системи за регулација на водните услуги. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МФ: Одржана седница на Комисијата за осигурување…

Министерството за финансии во врска со донесените…

Земјотрес кај Благоевград

Земјотрес кај Благоевград. Земјотресот со јачина од…

Зеленски: Светот мора да изврши притисок врз…

Зеленски овој апел го упати на социјалните…

Учениците од понеделник на пролетен распуст, наставата…

Од понеделник, 29 април, заклучно со 6…

Малолетник силувал малолетно девојче во Струмица

Полицијата сомничи малолетник од струмичко село дека…