Бислимовски: Нема да се менува цената на струјата до Нова Година
Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски,гостување во емисијата “Економски Магазин” на Алсат вчера рече дека цената на струјата до Нова Година нема да се менува.
Но Бислимовски нагласи дека за да остане цената во сегашните граници, треба да немаме потреба од дополнителен увоз на електрична енергија.
– „Регулаторната комисија за енергетика од 2019 година не ја определува цената на ЕСМ, туку ЕСМ сам, со одлука на Влада утврдува цена со којашто се јавува на тендерот на ЕВН Хоум, така што, мислам дека сега е премногу рано да зборуваме за какви било промени на цената на електричната енергија на регулираниот пазар. За да се исполни условот, да нема зголемување на електричната енергија е да немаме потреба од увоз на струја. Се га засега, до 31 декември, нема да има промена на цената за регулираниот пазар“, рече Бислимоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Автосервис во Штип крадел струја: Штетата е…
Во сервис за возила на улица „Железничка“…
Делови од Ѓорче Петров и Петровец денеска…
Корисниците во делови од Ѓорче Петров и…
Апел за помош: Да му помогнеме на…
Почитувани читатели на Инфомакс, Ве замолуваме доколку…
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска…
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска…
Без струја делови од Гази Баба и…
Регионалниот центар за управување со кризи на…