Бислимовски смирува: Нема потреба од гужви, никој нема да биде исклучен од мрежата за греење

t

Никој нема да биде исклучен и нема потреба од гужви на пунктовите за продолжување на договорите со БЕГ, вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, Марко Бислимовски.

– БЕГ правеше ладни проби во август, но не со таков интензитет, како во претходните години. Да, има проблеми со внатрешната инсталација во некои топлотни пумпи, не треба да се негира, но парно ќе има, вели Бислимовски.

Бислимовски потенцира дека нема потреба од гужви во пунктовите. Ова следува откако граѓаните денес чекаа во редици за склучувањето на договорите со новиот снабдувач со топлинска енергија ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје, како носител на лиценца издадена од Регулаторната комисија за енергетика.

-Нема опасност дека некој граѓанин ќе биде исклучен. Тие што ги немаат потпишано, ќе им бидат испратени во поштенските сандачиња заедно со сметките за парно. Тоа е вообичѐена работа да се потпишат нови договори. ЕСМ има таква обврска. Сепак граѓаните да знаат дека нема да бидат исклучени, потенцира Бислимовски во вестите на Тв Сител.

Договорите можат да се извршат на три пункта – Центар на улица Кочо Рацин, број 33 кај Олимписки базен; пункт Исток на улица Јане Сандански, број 49, во населба Аеродром и пункт Запад на улица Лондонска, број 8, во Тафталиџе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Peзил, некои работи не стареат добро –…

Изјавата од ноември Нема да има ценовни…