Битиќи во одбрана на Костадиновска Стојчевска: ВМРО-ДПМНЕ со лажни и перфидни објави сака да ја донесе јавноста во заблуда
Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи реагира на неоснованите напади од страна на ВМРО-ДПМНЕ насочени кон неговата колешка, пратеничката Бисера Костадиновска-Стојчевска.
Во статус објавен на неговиот Фејсбук профил, Битиќи вели дека ваквото однесување на ВМРО-ДПМНЕ е олицетворение на нивното функционирање и не се променило ниту седум години додека биле во опозиција, ниту за време на режимот предводен од бегалецот Никола Груевски.
„Со лажни изјави и перфидни објави се обидуваат да ја доведат јавноста во заблуда и потоа истите тие таканаречени информации ги споделуваат преку нивната армија од ботови по социјалните мрежи со цел оцрнување на СДСМ и прикривање на сопствената неспособност за водење на државата на транспарентен и домаќински начин“, пишува Битиќи.
Нападите на ВМРО-ДПМНЕ кон Костадиновска-Стојчевска започнаа овој викенд, но како што наведува Битиќи, таа не е единствената што е мета на ВМРО-ДПМНЕ.
„Тоа го прават и со Славјанка Петровска и ќе го прават и со многу други. Но вистинската причина за сите овие напади не се измислените скандали, туку тоа е потребата да ја дефокусираат јавноста од сериозните забелешки од страна на Платформата на граѓанските организации за борба против корупција за нетранспарентност и обиди за криење на коруптивни дејствија со исклучувањето на функционалноста на алатката „Отворени финансии“ и со блокирање на пристапот до податоците за државните тендерски постапки од Бирото за јавни набавки“, наведува Битиќи.
Според него, ваквото авторитарно однесување на ВМРО-ДПМНЕ и обидите да се замолчат сите неистомисленици не дале резултат ниту во најтешкиот режим, нема да успеат ниту сега.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…
СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…
СДС никако да престане со умисла да…
ВМРО-ДПМНЕ: Во куќата на Заев во Грција…
„Во куќата на Зоран Заев во Грција…
Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…
Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…
„СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард…
ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за двојни стандарди…