Битиќи од СДСМ: Ветивме и носиме подобар живот за сите
Потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи денеска се обрати на трибината организирана во Пласница, дел од караванот „Силно и одлучно“.
На почетокот на трибината се осврна на кризата низ која поминуваме и справувањето со истата.
„Работиме на раст на стандардот, затоа ја качивме минималната плата на 18.000 денари. Која во март ќе има ново покачување, кое ќе го следи растот на стандардот и цените за живот. И за тоа беше борбата, за подобар живот за сите. Продолживме да ја зголемуваме и просечната плата дури и во сулови на криза, во септември таа изнесува 31.812 денари. Донесовме и одлука за нова методологија за пресметка на пензиите, која донесе рекордно зголемување на пензиите во висина од 10 процени оваа година. 330.000 пензионери во нашата земја добиваат поголеми месечни примања за достоинствен живот во златните години. А во март следната година ќе добијат и ново зголемување од околу 6%. И ќе добиваат зголемување секоја година, за тоа ние се осигуравме“, истакна Битиќи
Битиќи, пред присутните се осврна и на субвенционирањето на струјата за сите граѓани.
„Ја субвенционираме струјата. Струја и енергенси ќе има доволно. Државата ќе продолжи да ја субвенционира со 80 отсто сметката за струја за над 600.000 домаќинства и 72.000 мали компании“, рече Битиќи
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ахмети: Македонските, албанските и српските криминалци соработуваат,…
Криминалот не познава етнички граници, додека политичарите…
ПРЕКИН НА КЛУЧЕН ПОДМОРСКИ ИНТЕРНЕТ-КАБЕЛ: Пакистан се…
Сериозни нарушувања во интернет-комуникациите се пријавени во…
Се запалиле бандери за електрична енергија во…
Скопските пожарникари вечерва имале полни раце работа.…
Горело патничко возило, ЦУК се огласи за…
Пожар избувнал вечерва во подземниот паркинг на…
ГОЛЕМ ПРЕКИН НА ИНТЕРНЕТОТ ВО ШВАЈЦАРИЈА: Проблеми…
Голем прекин на интернет-услугите вечерва, 18 ноември,…