Битиќи: Платите во различни дејности во јавниот сектор се покачени од 41% до 86%
„Наставниците, професорите, здравствените работници, полицајците и војниците беа сведоци на зголемување на платите како никогаш досега. Бројките сами по себе зборуваат за нашите достигнувања во подобрувањето на благосостојбата и условите за работа“, напиша вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на социјалните мрежи.
Тој сподели инфографик на кој се гледа разликата во платите во 2016 и 2023 година. Наставниците во основните училишта во 2016 година земале 20.745 денари плата, а во 2023 нивната плата изнесува 34.259, покачување од 65 отсто.
Во средните училишта платата била 20.917, додека во 2023 таа е 35.331 денар, што е покачување за 68 отсто.
Најголем раст на платите има во градинките, каде од 15.509 денари во 2016 година, во 2023 година платата е искачена на 28.891 денар или покачување од 86 отсто.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…